Управување со нефункционални кредити (NPL)

Цел и задача

Основна ЦЕЛ е воспоставување на подобро, поприфитабилно и помалку ризично решение кое ќе овозможи структурирано, целосно и професионално управување со нефункционалните побарувања.

ЗАДАЧАТА е унапредување на целокупниот процес на управување со нефункционални побарувања во Банката преку минимизација на ризикот од ненаплата, максимизација на ефектите и оптимизација на процесот.

Опфат на услугата

  • Развој на стратегии и акциски планови за НПЛ.
  • Поставување, следење и анализа на перформансите преку KPI.
  • Финансиски анализи и стратегии за поединечни побарувања.
  • Поддршка и посредување при продажба на НПЛ портфолија.
  • Оптимизација на процесите за наплата преку нови работни текови и автоматизација.

Придобивки за банката

  • Поголем фокус на основните банкарски функции
  • Намалени трошоци поврзани со одржување на внатрешен тим за управување со НПЛ (плати, обука, технологија, инфраструктура).
  • Пристап до специјализирана експертиза за управување со НПЛ
  • Објективност во носењето на одлуките – ние обезбедуваме непристрасна перспектива, ослободена од внатрешни конфликти или наследени процеси.
  • Подобри и мерливи резултати

Испораки

  • Стратегија за решавање на нефункционални побарувања
  • Акциски план за намалување на влез на нови, и намалување на постојниот обем на нефункционални побарувања
  • Дефинирање на Клучни индикатори за перформанси
  • Обрасци и форми за известувања и за следење на перфоманси
  • Поединечни стратегии за продажба на имот и побарувања
  • Рамка за преговори со засегнатите страни (Потенцијални купувачи, Клиенти на Банката, Инвеститори)
  • Изработка на атрактивна и комуникациски прилагодена понуда за продажба на колатерали (Teaser, Offering Memo).