Максимизирајте
го вашиот
потенцијал.
Зошто TrustFin?
Над 35 години збирно искуство во банкарскиот сектор
Нашата мисија е да обезбедиме уникатни и ефективни решенија прилагодени на потребите на нашите клиенти, користејќи експертиза во банкарството, објективност во донесувањето одлуки, флексибилност во пристапот и стручна поддршка во секој чекор од процесот.
Како тим составен од експерти со длабока експертиза и практично банкарско искуство, не само што предлагаме иновативни решенија, туку активно учествуваме во нивната реализација.

Партнер со интегритет за компании кои сакаат да се развиваат и напредуваат
Консултантски услуги за компании
Максимизирајте го вашиот потенцијал: Доколку инвестирате и барате најдобри решенија, или ви е потребно финансирање, преку долгогодишното искуство во банкарскиот сектор Ви нудиме детални анализи, подготвуваме целосна документација и Ве поврзуваме со вистинските извори на финансиски средства за вашиот успех.
Нашата мисија е да обезбедиме вистинска подршка и насоки за совладување на комплексните предизвици на финансиското работење, организациско (пре)структурирање и раазвој на иновативни деловни модели.
Консултантски услуги за банки и финансиски институции
Доколку сте посветени на оптимизација на процесите и намалување на трошоците без да го загрозите квалитетот, ние сме Вашиот сигурен партнер.
Нашата цел е да обезбедиме стручна поддршка за банкарскиот сектор преку широк спектар на услуги кои опфаќаат толкување и усогласување на банкарското работење со релевантната регулатива, NPL Менаџмент, управување на односите со клиенти, корпоративни финансии и корпоративно (пре)структуирање за потребите на Вашите клиенти, како и трансформација на работните процеси во модел на долгорочно одржливо работење – ESG усогласено.
Тимот на TrustFin
Силата на TrustFin лежи во искуството на своите консултанти, кои се воедно и основачи на друштвото.
















