Финансиски инженеринг и финансиско управување за клиенти на банката

Цел и задача

Основна ЦЕЛ е да се обезбеди јасна слика за моменталната и идна финансиска состојба на компанијата, заради утврдување на можнностите и услувите за кредитирање, како и подобрување на управувањето со финансиите во компанијата.

Опфат на услугата

  • Финансиско планирање и анализа
    Развој на финансиски модели за точно предвидување, анализа на сценарија и проценка на ризик како поддршка при носење на долгорочни стратешки одлуки.
  • Развој на инфраструктура за управување со финансии
    Оптимизирање на финансирањето, идентификација на потенцијални извори на средства и развој на механизми за ефективно управување со капитал.
  • Буџетирање и бизнис план
    Изработка на детален бизнис план, и буџет усогласени со стратешките цели на компанијата.

Придобивки за банката

  • Подобрување на финансиското управување во компаниите, без дополнително вложување на ресурси од страна на Банката.
  • Подобрување на финансиската кондиција на компанијата:
  • намалување на ризикот од потенцијално нефункционално побарување;
  • намалување на ризик од неможност за наплата на побарување од компанијата – клиент.

Испораки

  • Финансиска анализа на моментална профитабилност, ликвидност и задолженост.
  • Компаративна анализа на финансиските показатели во рамки на индустријата.
  • Независна анализа на Бизнис планот на компанијата.
  • Финансиски модел за проекција на идните финансиски перформанси и готовински текови (KPI).
  • Анализа на условите за финансирање преку утврдување на потребниот износ на заем, намената, план на отплата, барањата за колатерал, ковенанти и услови.
  • Континуирано следење на договорени ковенанти заради успешна имплементација.