Целта е да понудиме сèопфатна и интегрирана поддршка за компаниите во развојот и реализацијата на стратегии кои ќе ги опфатат сите аспекти на нивниот бизнис, без потреба од дополнителен ангажман на свои ресурси, повеќе различни консултанти или институции.
Задача е постигнување на одржлива финансиска стабилност, подобрување на оперативната ефикасност, зголемување на пазарната конкурентност, и поттикнување на долгорочен раст и развој на компаниите преку стратегиски пристапи, оптимизација на ресурси и имплементација на иновативни решенија
1. Поддршка во преговори со банки и други финансиски институции
Посредување и поддршка во процес на преговори со банки и други финансиски институции со цел:
Обезбедување на финансиски средства и други банкарски. продукти, услови и барања
Рестуктуирање на долг, услови и барања.
Откуп на побарувања од банки, со цел побрз пристап до недвижности купување на недвижности и опрема од банки.
2. Обезбедување на финансиски средства
Посредување и поддршка во обезбедување на финансиски средства, преку предлагање на решенија и изнаоѓање на нови извори на финансирање од финансиски институции/правни/физички лица.
3. Дезинвестирање, управување со имот и останати средства
Посредување во изнаоѓање и поддршка во процес на комуникација со потенцијални купувачи со цел дезинвестирање /продажба на имоти и средства.
4. Стратешки инвестиции
Имплементација на стратегија за инвестирање
1. Дигитализација и/или автоматизација
Развој на можности и план за инвестиции.
Дигитализација и Автоматизација подразбира подршка во процесите на воведување на избраните дигитални алатки, софтверски решенија, платформи, (како на пр. следење на системот на набавка, залихи, набавка на машини и опрема).
Влијанието и начините на кои ќе се вклопат во постојните или развојните бизнис процеси, ROI анализа и пресметка, проценка на користи и трошоци, SWOT анализа, утврдување на потребната обука за вработение, како и временската рамка за имплементација.
2. Инвестиции на слободните парични средства во нестратешки средства со цел обезбедување на дополнителни приходи, финансиска стабилност и долгорочен раст.
Анализа на понуда, истражување на пазарот, ROI анализа и посредување при инвестиции во:
краткорочни/среднорочни фондови и средства, проценка на ризик (нискоризични/високоризични продукти).
во купување на побарувања, недвижности, заложени хипотеки.
Грантови и субвенции за технолошки иновации и ЕСГ
Анализа на можности за добивање на грантови и/или субвенции за технолошки иновации, ЕСГ.
Подготовка на предлози кои ќе ги исполнат критериумите за подобност на грановите, нивна имплементација и ќе ги нагласат целите за одржливост.
Подршка во подготовка на документација за аплицирање за грантови и/или субвенции.
5. Инвестиции (нестратешки)
Советодавни услуги, посредување и подршка за нестратешкоинвестирање на слободните парични средства со цел обезбедување на дополнителни извори на приходи и долгорочна финансиска стабилност:
вложување во инвестициски фондови,
купување на недвижности,
откуп на побарувања,
купување на акции/обврзници, инвестиции во изградба на објекти и сл.
6. Факторинг
Советодавни услуги, посредување и подршка за факторинг, одн. продажба на побарувањата од купувачите со цел:
побрз пристап до работен капитал и подобрена ликвидност,
стабилизација на готовински текови,
намалување на трошоци за наплата,
помал ризик при наплата.
7. Односи со заинтересирани страни
Имплементација на стратегија за развој и подобрување на односите со засегнати страни на Компанијата преку изградба на нови и зајакнување на односите со добавувачи, купувачи, финансиски партнери и други соработници, за да се подобри и зголеми пазарниот удел и раст.
Комуникација, преговарање и посредување во односите со засегнатите страни на компанијата со цел имплементација и унапредување на односите.
Очекувани резултати:
намалување на оперативни трошоци,
подобри услови на наплата на побарувањата,
подобри услови за плаќање на обврски кон добавувачи,
помали финансиски трошоци, поефикасни бизнис процеси за компанијата.
8. Маркетинг стратегија
Имплементација на маркетинг стратегија:
Спроведување на маркетинг кампањи.
Дигитален маркетинг преку професионално присуство на интернет и таргетирање на клучните носители на одлуки преку стратешки дигитални канали (развој на web-site, Linkenin), социјални медиуми (Facebook).
Подршка и консултации за развој на содржини за дигитални платформи.
9. Стратегија за промена (Change Management)
Имплементација на Стратегијата за промена
Развивање на стратегијата за промена: (1) Детален план со јасно дефинирани временски рамки и испорачани резултати, (2) Стратегија за комуникација со засегнатите страни, (3) Тренинг програма.
Имплементација на стратегијата: (1) Активно вклучување на вработените во процесот на промена, (2) Промени на процесите и системите: Воведување на нови работни текови и/или организациски структури, (3) Следење на напредокот според планот за промена и прилагодување по потреба.
Одржување на промената: (1) Осигурување дека промената станува дел од организациската култура преку зајакнување од страна на раководството, политики и постојана поддршка,(2) Следење на перформансите: Мерење на успехот на промената преку проценка на клучни метрики и повратни информации, (3) Прилагодување и подобрување на процесот врз основа на повратни информации по имплементацијата.
10. Центар за развој и оцена на вработени
Имплементација на Стратегијата за промена
Креирање на план за развој на вработени: Изработка на акциски план со дефинирање на потребните обуки на клучните вработени.
Систем за оценка на вработени – Врз основа на очекувањата и најдобрата пракса, дизајнирање на главни улоги и одговорности за секоја позиција (техничките компетенции ќе бидат дефинирани на високо ниво, додека фокусот ќе биде на меките вештини и компетенции).
Дизајнирање на Центар за оценување на вработени. Дизајн на алатките за оценување (Индивидуални интервјуа, Индивидуални и/или групни вежби).
Изработка на план за развој на вработените. Извештај за клучните функции со анализа на областите за подобрување кај вработените.
Дефинирање на Алатки кои ќе се користат во центарот за оценување (интервјуа и вежби).