
Ана Маркиќ Мазнев
Ко-основач на TrustFin – Консултант за банкарско и корпоративно работење
Ана е независен консултант за банкарско и корпоративно работење со над 15 години искуство во банкарскиот сектор, од кои 7 години на раководна позиција во НЛБ Банка АД Скопје.
Taa e искусен лидер, со длабока експертиза во (1) управување со нефункционални кредити (NPL), отпишани побарувања и преземени средства, (2) корпоративно реструктуирање, (3) CRM (4) корпоративно банкарство, (5) проектен менаџмент.
Нејзини најзначајни специјалности се дизајнирање на процесите за наплата за физички и правни лица, продажба на колатерали во извршна/стечајна постапка и продажба на индивидуални/пакет побарувања, како и експертиза за управување со големи проекти. Нејзината способност за водење и менаџирање на проекти, идентификување сигнали за рано предупредување и оптимизирање на внатрешните процеси придонесува за зајакнување на организациската отпорност во управувањето со промените и остварување на успешни резултати.
Ана, исто така има долгогодишно искуство со анализа на корпоративните финансии, услуги за реструктуирање на бизниси, проектирања на готовинските текови, поставување и следење на клучни индикатори за перформанси со цел оптимизирање на работењето на компаниите.
Нејзиното искуство во проектниот менаџмент го надополнува со одбрана на магистерската теза Агилен проектен менаџмент во банкарски сектор.