Зоран Грнчаровски

Ко-основач на TrustFin – Консултант за банкарско и корпоративно работење

z.grncarovski@trustfin.mk

LinkedIn

 +389 75 354 530

Зоран има над 19 години работно искуство во банкарскиот сектор, со длабока експертиза во работењето со корпративни и Retail клиенти, како и во управувањето со проблематични и нефункционални клиенти. Зоран имаше високи раководни позиции во НЛБ Банка АД Скопје повеќе од 13 години, и тоа како помошник на Управниот одбор, директор на Сектор за реструктуирање и управување со нефункционални пласмани, раководител на Служба за корпоративни клиенти.

Има богато искуство и познавања од областа на корпоративното управување и структуирање, финансиското и оперативното реструктуирање и управувањето со ризични клиенти. Оваа  работа вклучува стратешко планирање и непосредно управување со проекти, имплементација на стратегии, надгледување на процесите на работа со корпоративните и Retail клиенти, клиентите со проблеми во работењето, како и развивање финансиски и/или оперативни решенија и планови за управување на овие клиенти.

Неговите широки познавања и огромното искуство во банкарството е надополнето со неговиот континуиран стремеж кон образование и обука, што вклучува разни сертификати од областа на деловна и финансиска анализа, корпоративно управување, менаџмент на компании, управување со ризични клиенти, управување со податоци во донесувањето на одлуки и други.