Корпоративно управување

Цел и задача

Основна ЦЕЛ е поставување на јасен преглед на организациската структура што ќе овозможи раст и транспарентно управување со перформанси.

За постигнување на целта се поставува организациска структура што ќе овозможи раст и транспарентно управување со перформанси.

Опфат на услугата

  • Изработка на структури за управување
    Развој на ефективни структури за одлучување, воспоставување на јасни улоги и одговорности, како и механизми за усогласеност со регулаторните барања.
  • Унапредување на работните процеси
    Длабинска анализа на моменталните процеси, идентификација на тесни грла и препораки за подобрување на ефикасноста и ефективноста.
  • Мониторинг на перформансите
    Воспоставување индикатори за клучните перформанси (KPI) и механизми за континуирано следење и подобрување.

Предности за компанијата

  • Јасна структура која ги елиминира преклопувањата и недоразбирањата во одговорностите.
  • Одговор на потребите за раст и брза адаптација кон промените во пазарот.
  • Ефикасно управување со процеси, транспарентност при што секој член на тимот ги знае своите одговорности.
  • Оптимална распределба на ресурси меѓу централизирани и децентрализирани активности.
  • Донесување на информирани одлуки за подобрување на перформансите.
  • Зголемена конкурентност на пазарот.

Испораки

  • Анализа на актуелна бизнис стратегија.
  • Дефинирање на идна организациски структура.
  • Процесен модел со јасна дефиниција на процеси и одговорности врз истите.
  • Матрица за распределба на улоги и одговорности меѓу централизирани и децентрализирани активности (RACI матрица).
  • Поставување на клучните индикатори на перформанси и дефинирање модел на менаџмент известување.