Развој и имплементација на стратегија

“Сè на едно место”

Целта е да понудиме сèопфатна и интегрирана поддршка за компаниите во развојот и реализацијата на стратегии кои ќе ги опфатат сите аспекти на нивниот бизнис, без потреба од дополнителен ангажман на свои ресурси, повеќе различни консултанти или институции.

Задача е постигнување на одржлива финансиска стабилност, подобрување на оперативната ефикасност, зголемување на пазарната конкурентност, и поттикнување на долгорочен раст и развој на компаниите преку стратегиски пристапи, оптимизација на ресурси и имплементација на иновативни решенија

1. Поддршка во преговори со банки и други финансиски институции

Посредување и поддршка во процес на преговори со банки и други финансиски институции со цел:

  • Обезбедување на финансиски средства и други банкарски. продукти, услови и барања
  • Рестуктуирање на долг, услови и барања.
  • Откуп на побарувања од банки, со цел побрз пристап до недвижности купување на недвижности и опрема од банки.
2. Обезбедување на финансиски средства

Посредување и поддршка во обезбедување на финансиски средства, преку предлагање на решенија и изнаоѓање на нови извори на финансирање од финансиски институции/правни/физички лица.

3. Дезинвестирање, управување со имот и останати средства

Посредување во изнаоѓање и поддршка во процес на комуникација со потенцијални купувачи со цел дезинвестирање /продажба на имоти и средства.

4. Стратешки инвестиции

Имплементација на стратегија за инвестирање

1. Дигитализација и/или автоматизација

  • Развој на можности и план за инвестиции.
  • Дигитализација и Автоматизација подразбира подршка во процесите на воведување на избраните дигитални алатки, софтверски решенија, платформи, (како на пр. следење на системот на набавка, залихи, набавка на машини и опрема).
  • Влијанието и начините на кои ќе се вклопат во постојните или развојните бизнис процеси, ROI анализа и пресметка, проценка на користи и трошоци, SWOT анализа, утврдување на потребната обука за вработение, како и временската рамка за имплементација.

2.   Инвестиции на слободните парични средства во нестратешки средства со цел обезбедување на дополнителни приходи, финансиска стабилност и долгорочен раст.

Анализа на понуда, истражување на пазарот, ROI анализа и посредување при инвестиции во:

  • краткорочни/среднорочни фондови и средства, проценка на ризик (нискоризични/високоризични продукти).
  • во купување на побарувања, недвижности, заложени хипотеки.

Грантови и субвенции за технолошки иновации и ЕСГ

  • Анализа на можности за добивање на грантови и/или субвенции за технолошки иновации, ЕСГ.
  • Подготовка на предлози кои ќе ги исполнат критериумите за подобност на грановите, нивна имплементација и ќе ги нагласат целите за одржливост.
  • Подршка во подготовка на документација за аплицирање за грантови и/или субвенции.
5. Инвестиции (нестратешки)

Советодавни услуги, посредување и подршка за нестратешко инвестирање на слободните парични средства со цел обезбедување на дополнителни извори на приходи и долгорочна финансиска стабилност:

  • вложување во инвестициски фондови,
  • купување на недвижности,
  • откуп на побарувања,
  • купување на акции/обврзници, инвестиции во изградба на објекти и сл.
6. Факторинг

Советодавни услуги, посредување и подршка за факторинг, одн. продажба на побарувањата од купувачите со цел:

  • побрз пристап до работен капитал и подобрена ликвидност,
  • стабилизација на готовински текови,
  • намалување на трошоци за наплата,
  • помал ризик при наплата.
7. Односи со заинтересирани страни

Имплементација на стратегија за развој и подобрување на односите со засегнати страни на Компанијата преку изградба на нови и зајакнување на односите со добавувачи, купувачи, финансиски партнери и други соработници, за да се подобри и зголеми пазарниот удел и раст.

Комуникација, преговарање и посредување во односите со засегнатите страни на компанијата со цел имплементација и унапредување на односите.

Очекувани резултати:

  • намалување на оперативни трошоци,
  • подобри услови на наплата на побарувањата,
  • подобри услови за плаќање на обврски кон добавувачи,
  • помали финансиски трошоци, поефикасни бизнис процеси за компанијата.
8. Маркетинг стратегија

Имплементација на маркетинг стратегија:

  • Спроведување на маркетинг кампањи.
  • Дигитален маркетинг преку професионално присуство на интернет и таргетирање на клучните носители на одлуки преку стратешки дигитални канали (развој на web-site, Linkenin), социјални медиуми (Facebook).
  • Подршка и консултации за развој на содржини за дигитални платформи.
9. Стратегија за промена (Change Management)

Имплементација на Стратегијата за промена

  • Развивање на стратегијата за промена: (1) Детален план со јасно дефинирани временски рамки и испорачани резултати, (2) Стратегија за комуникација со засегнатите страни, (3) Тренинг програма.
  • Имплементација на стратегијата: (1) Активно вклучување на вработените во процесот на промена, (2) Промени на процесите и системите: Воведување на нови работни текови и/или организациски структури, (3) Следење на напредокот според планот за промена и прилагодување по потреба.
  • Одржување на промената: (1) Осигурување дека промената станува дел од организациската култура преку зајакнување од страна на раководството, политики и постојана поддршка,(2) Следење на перформансите: Мерење на успехот на промената преку проценка на клучни метрики и повратни информации, (3) Прилагодување и подобрување на процесот врз основа на повратни информации по имплементацијата.
10. Центар за развој и оцена на вработени

Имплементација на Стратегијата за промена

  • Креирање на план за развој на вработени: Изработка на акциски план со дефинирање на потребните обуки на клучните вработени.
  • Систем за оценка на вработени – Врз основа на очекувањата и најдобрата пракса, дизајнирање на главни улоги и одговорности за секоја позиција (техничките компетенции ќе бидат дефинирани на високо ниво, додека фокусот ќе биде на меките вештини и компетенции).
  • Дизајнирање на Центар за оценување на вработени. Дизајн на алатките за оценување (Индивидуални интервјуа, Индивидуални и/или групни вежби).
  • Изработка на план за развој на вработените. Извештај за клучните функции со анализа на областите за подобрување кај вработените.
  • Дефинирање на Алатки кои ќе се користат во центарот за оценување (интервјуа и вежби).