Трансформација и усогласување со ESG стандарди

Цел и задача

Основна ЦЕЛ е поддршка на банката во интегрирањето на ESG (еколошки, социјални и управувачки) стандарди во нејзините операции, стратегии и корпоративна култура, со што ќе се обезбеди одржлив раст, усогласеност со регулативите и подобрување на нејзината конкурентност на пазарот.

Опфат на услугата

  • Анализа на тековно ESG позиционирање
    Оценка на постоечки политики, процеси и практики, и идентификување на области за подобрување.
  • Дефинирање ESG стратегии
    Развивање стратешки цели и активности за интеграција на ESG принципите во основното работење на банката.
  • Усогласување со регулаторни барања
    Поддршка за исполнување на национални и меѓународни ESG стандарди и регулативи.
  • Интеграција на ESG во кредитирањето
    Развој на политики и процедури за вклучување ESG критериуми во проценка на кредитоспособноста на клиентите.
  • Мерење и известување
    Воведување механизми за следење и мерење на ESG перформанси, и изготвување извештаи согласно водечките рамки за известување.
  • Обука на вработени
    Развој на обуки за обука на вработените за ESG принципите и нивната примена во секојдневието

Придобивки за банката

  • Усогласеноста со ESG регулативите и одржливите практики ја зголемува привлечноста на банката за инвеститорите и кредиторите кои се фокусирани на ESG критериуми.
  • Проактивното управување со ESG ризиците (на пример, климатски, регулаторни и репутациски) помага во минимизирање на неочекувани трошоци и подобрување на долгорочната стабилност.
  • Интеграција на ESG принципите ја позиционира банката како одговорен и доверлив партнер, што привлекува нови клиенти и ја подобрува нејзината пазарна позиција.

Испораки

  • Конкретен план за имплементација со дефинирани цели, чекори и индикатори за следење на перформансите (KPIs).
  • Ажурирани и новоразвиени ESG политики и процедури, усогласени со регулативите и најдобрите практики.
  • Материјали за внатрешна и надворешна комуникација за ESG достигнувањата на банката.
  • Интерни тимови способни за континуирано следење и имплементација на ESG стандарди.
  • Зголемена доверба кај клиентите, инвеститорите и регулаторите.
  • Намалување на ESG ризиците и подобрено управување со ресурсите.